АКТЕРКАТА ОД „СЕКСОТ И ГРАДОТ“ СИНТИЈА НИКСОН СЕ КАНДИДИРА ЗА ГУВЕРНЕР НА ЊУЈОРК

Вашингтон, (ДПА)

Актерката Синтија Никсон, една од ѕвездите на серијата „Сексот и градот“, вчера ја почна својата кампања за гувернер на Њујорк.

Никсон, која ја играше Миранда Хобс во серијата на Ејч-Би-О, која се прикажуваше од 1998 до 2004 година, ја најави својата кандидатура на Твитер, изразувајќи ја својата љубов кон Њујорк и кон прогресивната политика.

„Го сакам Њујорк и денеска ја најавувам мојата кандидатура за гувернер. Здосадено ни е од политичари кои повеќе се грижат за насловните страници и за моќта, отколку за нас. Нашите лидери нѐ разочараа. Веќе не може да се работи како досега“, кажа 51-годишната актерка.

Никсон е во брак со активистката Кристин Маринони, со која има син. Таа, исто така, има две деца од претходната врска. Нејзината веб страница ја опишува како прогресивен активист „кој не бил купен и платен за специјални интереси и дека нема да прифаќа донации од корпорации“.

На внатрепартиските избори на демократите во септември, Никсон се кандидира против актуелниот гувернер Ендрју Куомо и поранешниот сенатор Тери В. Гипсон. Изборите за гувернер ќе се одржат во ноември.

Нејзините шанси против Куомо изгледаат мали во моментов. Според една анкета, Никсон ја поддржуваат само 19% од гласачите.