На 20 август во Богданци по 17. пат почнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, на која учествуваат талентирани млади графичари од Македонија и регионот. Работилницата ќе трае до 27 август, кога ќе има завршна изложба на учесниците, која ќе биде поставена во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци.
Ќе учествуваат 15 графичари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, кои ќе творат под менторство на професорката Ива Ќуриќ од Хрватска со асистенција од Вида Меиќ од Хрватска и Сања Жигиќ од Нови Сад. Уметниците ќе имаат можност да работат во сите класични графички техники: висок, длабок, рамен и пропустен печат.
Селекцијата на учесниците ја вршат академиите и професорите, кои избираат по двајца најдобри студенти, наградени за постигнатиот успех за време на студиите.
(Фото: Фејсбук)