2.000 ЕВРА ЗА УБАВ КРЕВЕТ ВО „ИДРИЗОВО“, 300 ЗА МОБИЛЕН

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

Комисијата за превенција на тортура при Советот на Европа денеска излезе со извештај за состојбата во затворите во Македонија, во кој што констатира корупција, пренатрупаност, нехумано постапување, неоправдано насилство во затворските установи.

Низ разговор со затвореници од „Идризово“ и од затворите „Штип“ и „Скопје“, лани во декември, Комисијата против тортура открива:

  • Корупција во која се вмешани чувари и воспитувачи
  • Затворениците им плаќале по 2.000 евра на овие авторитети, за преместување во подобра ќелија
  • Пуштање на викенд дома, чини 400 евра
  • Поседување мобилен телефон, 300 евра од затвореник
  • Секојдневно дополнително мито за чуварите да се прават дека не гледаат кој си „купил“ мобилен
  • Затворскиот персонал крадел од пакетите што им ги носат роднините, а потоа и од нивните ќелии, додека се на прошетка во дворот
  • Затворско крило со ќелии со по двајца затвореници, со теписи на подот, кожни гарнитури и дрвени кревети, плазма телевизори, бела техника и клима уреди, сето тоа платено од самите затвореници
  • Заедничките простории на ова специјално крило со: аквариум, маси, столици и каучи, замрзнувач, теретана, статични велосипеди…
  • Пренатрупаност. На капацитет за 900 осудени лица, во „Идризово“ за време на посетата од Комисијата од 6 – 9.12. 2016 година, затекнати биле 1.840 затвореници