Една Американка неочекувано имала можност да патува со приватен лет, откако по грешка била префрлена во авион наменет само за членови на екипажот.
Бет Верстег постираше селфи од празниот авион на социјалната мрежа Редит.
„Го добив целиот авион само за мене, откако поради грешка бев ставена на лет кој требаше да превезе само членови на екипажот“, напиша таа под сликата.
Бет требало да патува од Рочестер, Њујорк до главниот град Вашингтон, но летот бил откажан осум часа порано.
„Во прв момент ни беше кажано дека ќе патуваме со овој авион, но потоа сфатиле дека можеме да одиме со друг лет порано. Но, кога го објавија тоа преку звучник, јас веќе бев во куќата на моите родители, кои живеат во близина на аеродромот. Никој не ми се јави за промената на летот. Сфатив дека нешто не е во ред дури кога видов дека само јас сум во чекалната 45 минути пред полетувањето“, ја опиша Бет својата авантура.
Покрај неа, во авионот биле само уште двајцата пилоти и еден стјуард.
Бидејќи летот траел само еден час, Бет се пошегува дека не побарала никаков посебен третман.