АУДИО-ВИДЕО-ФОТО ИЗЛОЖБА НА ГРЧКАТА УМЕТНИЦА ФОТИНИ ПОТАМИА ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Како дел од содржините на второто издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика, вчеравечер во Европската куќа во Велес беше отворена аудио-видео-фото изложба на Фотини Потамиа од Грција.


„Изложените дела се графики кои ги користиме како обвивки за нашите изданија. Тоа се постери, омоти за музички албуми, логоа. Овие дела се дел од нашата колекција музички изданија“, кажа Потамиа.

На перформансот се претстави и нејзиниот сопруг Дине Донеф со видео-дела, кои ги изработува под уметничкото име Томе Раповина.

П. ПЕЧКОВ