ЧЕТИРИ ИЗЛОЖБИ И МАТИНЕ СО ДИЏЕЈ ВО МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 30 декември, во 12 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје во ќе се одржат четири изложби и матине забава со диџеј.
Изложбата „Континуитети“, е избор на дела од француски автори, кои се дел од уметничката колекција на МСУ – Скопје. Ќе биде отворена и меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“, ќе се се прикаже мултимедијалниот проект на Ѓорѓе Јовановиќ „Горчлив шеќер“ и архитектонската изложба „Иднината како проект-Доксијадис во Скопје“.
Од 13 часот, МСУ организира матине со диџеј сет на Нино Наумов. За најмладата публика е подготвен „Детски корнер“, каде што децата ќе можат да цртаат, инспирирани од изложбите.