Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ ќе добие и женско издание, најрано следната година, изјави претседателот на престижното натпреварување Петер Круијер. Тој додаде дека некои логистички прашања сепак остануваат отворени.
„Четири скокалници“ традиционално се одржува од 29/30 декември до 6 јануари, почнувајќи од 1953 година. Жените имаат свој Светски куп во ски-скокови дури од 2011/12 и неколку години подоцна почнаа да се натпреваруваат и на големата скокалница.
Според Криујер, Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен се согласиле да вклучат и женска серија.
„Сите четири локации сакаат и женска верзија на ‘Четири скокалници‘. Постои едногласна одлука да почне што поскоро. Останува да се решат прашањата како ТВ-права и награден фонд“, вели Круијер.
Жените сега првпат ќе скокаат за Нова година, во Љубно, Словенија.