Д фестивал во Дојран, кој оваа година ќе биде во еднодневно издание, се приклучува кон кампањата „Гласно против гласини“, поддржувајќи ја борбата против гласините кон жените што доведуваат до родови стереотипи и предрасуди.
Кампањата е поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и има за цел да укаже на гласините насочени кон Ромките, жените од рурални средини, жените со попреченост, жените со религиозно обележје, мигрантките и младите жени. Овие гласини се најчесто резултат на долгогодишни родови стереотипи и предрасуди, кои придонесуваат за создавање нееднаквост во општеството.
Д фестивал ќе се одржи в сабота, со учество на некои од најпопуларните домашни музички имиња.