ДЕЛОВИ ОД СВЕТОТ ГО ВИДОА НАЈДОЛГОТО ДЕЛУМНО ПОМРАЧУВАЊЕ НА МЕСЕЧИНАТА ОД 1440 ГОДИНА

Њујорк, (Њујорк тајмс)

Делови од светот ноќеска сведочеа на најдолгото делумно затемнување на Месечината во изминатите 580 години. Овој астрономски феномен беше видлив од Северна Америка, северните делови на Јужна Америка, североисточна Азија и источниот дел на Австралија.

(Фото: Гети)

Позната како Месечината на дабарот, ноемвриската полна Месечина беше 97% покриена со Земјината сенка. Делумното помрачување траеше повеќе од шест часа, што не се случило од 1440 година.

(Фото: Гети)
(Фото: Гети)