Вечерва во 20 часот, во Младински културен центар во Скопје ќе биде промовирана книгата „Нека играат децата“ од Денис Бојаров.

„Нека играат децата“ е прва книга на Бојаров и претставува збирка раскази наменета за различни возрасни категории, која обработува социолошки, психолошки и филозофски теми поврзани со децата, семејството, но и со човекот воопшто.

Настанот ќе биде реализиран по соодветен протокол, со запазување на препорачаните мерки на заштита. Промотор ќе биде македонската авторка Фросина Пармаковска.