Огромниот џекпот на американската лотарија „Мега милионс“ порасна на 1,02 милијарди долари, откако на вчерашното извлекување никој не ги погодил сите шест бројки за да ја освои главната награда. Ова е четвртиот најголем џекпот во историјата на САД.
Џекпотот порасна толку многу зашто никој не ја погодил добитната комбинација уште од 15 април. Оттогаш имаше 29 извлекувања.
Наградата од 1,02 милијарди долари е наменета за добитниците кои ќе изберат годишни исплати во следните 30 години. Најголем дел од освојувачите се решаваат за еднократна исплата, која на следното извлекување ќе изнесува 602,5 милиони долари.
Шансите за освојување џекпот се проценуваат на еден спрема 302,5 милиони.
„Мега милионс“ се игра во 45 сојузни држави и на Американски Девствени Острови.