ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ БАРААТ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЛЕКОВИ ДА ГАРАНТИРА КВАЛИТЕТЕН ИНСУЛИН

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

Агенцијата за лекови да каже од каде се набавува инсулинот, дали гарантира за неговата безбедност и каде е испитуван инсулинот што го користат пациентите во Македонија, бараат болните од дијабетес. Тие најавија дека ќе бараат прецизна морална и кривична одговорност доколку Агенцијата за лекови не одговори на овие прашања.

  • Во Македонија 40.000 луѓе се зависни од инсулин, а 450 од нив се деца.
  • Овој месец доцнеше доставата на инсулин по инсулинските аптеки, па дијабетичарите си помагаа едни со други преку социјални мрежи.
  • Агенцијата за лекови и медицински помагала излезе со информација дека направила вонредна контрола на иннсулините кои се користат во земјава, и дека затоа доцнела доставата на лекови до болните.
  • Анализа на Асоцијацијата Фармабренд Нова, според здруженито за детски дијабетес „Баланс МК“ покажала дека 40 отсто од лековите што влегуваат со паралелен увоз во земјава се фалсификат и со лош квалитет.
  • Дијабетичарите бараат Агенцијата за лекови да каже каде е испитуван лекот, со оглед на фактот дека во Македонија не постои лабараторија за анализа на активната супстанца, односно на содржината на инсулините.
  • Болните од дијабетес бараат Агенцијата за лекови да направи проврека од каде се набавува инсулинот, дали се почитува ладниот ланец при достава во депоата каде се чува, како и условите во кои се чува.