Денес во 12 часот во Драмски театар премиерно ќе се изведе претставата „Диши“, по текст на Данкан Мекмилан во режија на Димче Николовски-Димсата. Станува збор за дуодрама со Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

„’Диши’ е прекрасен предизвик кој не дозволува да му се доближиш без сериозно истражување на повеќе области при сценската реализација. Секое истражување мора во себе да содржи и преиспитување. Диши како да живее низ преиспитување. Прекрасен процес, супер соработници, едноставно уживање. Се надевам дека и публиката ќепочувствува барем еден дел од тоа наше уживање“, вели режисерот.

Сценографијата е на Илија Николовски, а костимите на Раде Василев.