ДОДЕКА ДРУГИ ЗЕМЈИ МУ ОБЈАВУВАА ВОЈНА НА КОВИД-19, НОВ ЗЕЛАНД ГО ПОБЕДИ ТАКА ШТО ЈА ОБЕДИНИ НАЦИЈАТА

Окленд, (Би-Би-Си)

Нов Зеланд често го имаше во вестите како земја која во справувањето со коронавирусот правеше многу повеќе од исправање на кривата.

Владата предводена од премиерката Џесинда Ардерн кажа дека успеала да го запре внатрешното пренесување на коронавирусот, со што фактички го елиминирала. Во земјата со околу пет милиони жители вчера имаше само еден нов случај на зараза. Вкупната бројка досега изнесува 1.469 заразени и 19 починати од КОВИД-19, дури 42 повеќе од Македонија.

Како Нов Зеланд успеа да стигне таму каде што е сега? Некои експерти сметаат дека ова се должи на раниот старт. Ардерн ги воведе мерките на карантин во март, кога во земјата имаше околу 100 потврдени случаи и ниеден починат.

И географијата на Нов Зеланд одигра важна улога: како оддалечена и релативно мала држава, таа има многу поголема контрола врз тоа кој влегува во неа.

Повеќето ја истакнуваат јасната порака што доаѓа(ше) од владата. Додека други држави му објавуваа војна на КОВИД-19, новозеландската влада ги повикуваше луѓето да се обединат против КОВИД-19, при што Ардерн често ја ословуваше земјата како „наш тим од пет милиони“.

„Џесинда Ардерн е брилијантен комуникатор и допадлив лидер“, вели Мајкл Бејкер, професор на Универзитетот во Отава.

Експертите предупредуваат дека елиминација не значи дека во земјата нема да има нови случаи на коронавирус.

„Ја отвораме економијата, не и социјалниот живот на луѓето“, кажа Ардерн, откако утре се очекува еден милион луѓе да се вратат на работа.

Според неа, Нов Зеланд ќе имаше 1.000 новозаразени секој ден доколку на време не беа воведени рестриктивните мерки.

„Со нашите здружени акции го избегнавме најлошото“, вели таа.