ДРУШТВОТО НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ ИЗЛОЖУВА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ЦРТЕЖИ ВО СОФИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Друштвото на ликовни уметници на Македонија ја носи групната изложба „Цртеж, експериментален цртеж“ во Софија, каде што ќе се отвори вечерва (19 септември) во Културно-информативниот центар.
„На оваа традиционална изложба ќе се претстават цртежи кои претставуваат концепт и длабока рефлексија и отстапуваат од воспоставените норми. Оваа година уметниците презентираат цртање со нетрадиционални материјали: чад, конец, метална жица, силиконски лепак“, вели Маја Рауник-Кирков, претседателката на Уметничкиот совет на ДЛУМ.

Изложбата во мај беше претставена во Националната галерија „Мала станица“ во Скопје (фото).