Душица Димитровска и Магдалена Марјановиќ (фото) го поделија првото место на стрип конкурсот „Преку уметност до родова еднаквост“, чија тема беше „Кое е твоето чудо?“. Конкурсот го организираа Националниот младински совет на Македонија и мрежата „Стела“, а беше финансиски поддржан од Британската амбасада во Скопје.
Второто место ѝ припадна на Ела Петрушевска, а третото на Јана Марковиќ.
На доделувањето во Центар Јадро наградите ги врачи претставникот на Британската амбасада Ендрју Брент. Истовремено беше отворена изложба со 19 дела од конкурсот, нацртани од исто толку автори и авторки од разни генерации.
„Конкурсот беше дел од проектот ‘Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија‘. Имаше за цел да ги прикаже различните аспекти на борбата за родова еднаквост преку уметност. Стриповите кои пристигнаа имаат мисија да поттикнат дискусии, да ги разбијат родовите стереотипи и да инспирираат промени кон поправедно и инклузивно општество“, кажаа организаторите.