МСУ ОРГАНИЗИРА САБОТНО МАТИНЕ СО ДВЕ ИЗЛОЖБИ СО ВОДИЧ И ЗАБАВА СО ДИЏЕЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (13 април) од 12 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје ќе се одржи матине со изложби со водич и забава со диџеј.

Кустосот Бојана Јанева ќе ги води посетителите низ две новоотворени изложби. Тие подетално ќе можат да се запознаат со изложбата „Координати на еден сон – 60 години проектирање современост МСУ Скопје 1964-2024“, чии куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец и со самостојната изложба „Станица Пропаганда“ на Јонас Стал. Кураторка на оваа изложба е Ивана Васева.

Во 13 часот почнува диџеј сетот на Дарко Јорданов. Влезницата чини 150 денари.