МИЛИОН ЛУЃЕ ГО СЛАВЕА ПРВИОТ ТРОФЕЈ НА АТЛЕТИК БИЛБАО ПО 40 ГОДИНИ ПАУЗА

Билбао, (Марка)

Атлетик Билбао со стил го прослави освојувањето на првиот трофеј по 40 години пауза, откако триумфираше во Купот на кралот. Додека фудбалерите парадираа на брод пловејќи по реката Нервион, тие беа поздравувани од стотици илјади луѓе.

(Фото: ЕПА)

Шпанските медиуми објавија дека на прославата имало милион луѓе.

Патувањето на трофејот траеше 13 километри, од гратчето Гечо до центарот на Билбао, каде што прославата кулминираше. Фановите ги исполнија двата брега на реката, а на балконите беа истакнати клупски знамиња и шалови.

(Фото: Европа прес)

Атлетик на пенали ја победи Мајорка во финалето на Купот, освојувајќи го првиот трофеј по двојната круна во 1984.

(Фото: ЕПА)