ЕКСПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ ДОБИ ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА „МЕРЦЕДЕСОТ“ ОД 600.000 ЕВРА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Две години затвор доби поранешниот премиер Никола Груевски, откако денеска во Основниот суд Скопје 1 беше прогласен за виновен во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“, што се однесуваше на купувањето на блиндираниот „мерцедес“ за 600.000 евра.

Во истиот случај, на шест и полгодишна затворска казна беше осуден поранешниот помошник-министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски.

  • Груевски се товареше дека влијаел врз МВР со негови пари да купи блиндиран „мерцедес“ од 600.000 евра, иако Министерството претходно, во 2011 година, донело одлука за купување возило во вредност до 243.000 евра.
  • Одлуката била потпишана од тогашната министерка Гордана Јанкулоска, за предвидениот износ за купување на возилото да биде удвоен во 2012 година.
  • „Мерцедесот Ц-600 гард“ бил купен како единствена понуда на тендерот наместен за компанијата „Макаутостар“.
  • Груевски на судењето се изјасни како невин и не се појави на изрекувањето на пресудата.
  • Второобвинетиот Поповски доби втора осудителна пресуда за два дена, откако вчера, во случајот „Триста“, му беше изречена казна затвор од девет години за незаконска набавка на 300 возила за МВР, со што го оштетил буџетот за 453.700 евра.