ФОРМУЛА 1 БОЛИДИТЕ НА МЕРЦЕДЕС СТАНАА ЦРНИ ЗА ПОДДРШКА НА БОРБАТА ПРОТИВ РАСИЗМОТ

Лондон, (Би-Би-Си)

Шампионскиот тим на Мерцедес објави дека неговите возачи ќе настапуваат со целосно црни болиди во Формула 1 оваа сезона, испраќајќи порака за повеќе различности и инклузивност во мотоспортот.

Почнувајќи од 1930-ите, заштитната боја на Мерцедес во мотоспортот беше сребрена, но тој ќе присвои нов моќен изглед за одложената сезона, која конечно почнува овој викенд во Австрија.

„Движењето ‘Црните животи значат‘ јасно ни покажа дека ни требаат нови мерки и акции во борбата против расизмот“, соопшти Мерцедес.

Луис Хамилтон, кој оваа година ќе се обиде да го израмни рекордот на Михаел Шумахер од седум шампионски титули, кажа дека „ова е важна порака дека Формула 1 е подготвена да се промени и да напредува“.