„ФОРД“ И „ФОЛКСВАГЕН“ ПОТВРДИЈА ДЕКА ЗАЕДНО ЌЕ ПРАВАТ ВОЗИЛА

Детроит, (Ројтерс)
The President and CEO of Ford Motor Company Jim Hackett, shakes hands with Volkswagen CEO Herbert Diess at the North American International Auto Show in Detroit, Michigan, U.S., January 14, 2019. REUTERS/Ben Klayman

Гигантите во автоиндустријата „Форд“ и „Фолксваген“ ги здружуваат силите на глобално ниво и за почеток, заедно ќе произведуваат камионети, беше соопштено на Автосаемот во Детроит. Соработката потоа ќе се прошири на комерцијални возила, како и на автономни и електрични возила и на други мобилни услуги.

Двете компании нема да се мешаат во сопственичката структура една на друга, како што беше случај со алијансата „Рено-Нисан-Мицубиши“ и ќе учествуваат во производството со еднаков број вработени.

Првиот заеднички камионет со средна големина треба да се појави на пазарот најрано во 2022 година, а слична временска рамка се предвидува и за првите комбиња.

Здружувањето доаѓа во периодот кога во автоиндустријата се случуваат големи промени, кога речиси сите производители ги истражуваат технологијата на автономно возење и новите мобилни услуги.

„Тоа е нешто што не можете да го направите сами. Од наша гледна точка, има смисла да соработуваме со голем американски играч, бидејќи технологијата на автономно возење е многу поразвиена во САД отколку во Европа“, вели извршниот директор на „Фолксваген“, Херберт Дис.