ФОСИЛ ПРОНАЈДЕН ВО КИНА ОТКРИ ПЕТ МЕТРИ ДОЛГ „ЗМЕЈ“ СТАР 240 МИЛИОНИ ГОДИНИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Научниците открија нов, неверојатно комплетен фосил на пет метри долг воден рептил од периодот Тријас. Суштеството потекнува од пред 240 милиони години и беше наречено змеј поради својот екстремно долг врат.

Пронајден во древни варовнички талози во јужна Кина, видот Dinocephalosaurus orientalis првпат беше идентификуван во 2003 година и спектакуларниот нов фосил им овозможи на научниците да ја видат целосната анатомија на овој бизарен праисториски ѕвер.

Ова е првпат да можеме да го видиме во целост. Ова е многу чудно животно. Вратот му е подолг од телото и опашот заедно“, изјави Ник Фрејзер од Шкотските национални музеи, кој беше дел од меѓународниот тим кој го проучуваше фосилот.

Тој смета дека долгиот, свиткан и флексибилен врат со 32 посебни пршлени му давал предност при ловењето бидејќи можел да бара храна и во пукнатините под водата.