Фотозамките поставени низ националниот парк Маврово уловија уште една ретка глетка од дивиот свет.
По неодамнешните снимки на возрасен рис и волк, јавноста овојпат можеше да види две кафеави мечиња како талкаат низ шума. Фотографијата беше објавена на Фејсбук страницата на националниот парк Маврово.
И оваа фотографија е направена со помош на фотозамки, во рамките на проектот за закрепнување на балканскиот рис, што се спроведува во соработка со Македонското еколошко друштво.