Утре (29 мај) од 20 часот, во Младински културен центар (МКЦ) ќе има настан кој ќе спои стрип и музика, во организација на Францускиот институт во Скопје и „Макстрипови“.
Стрип приказна во живо на сцената ќе црта францускиот стрип-цртач и концептор на видеоигри Виктор Дулон-ВИДУ, во придружба на пијанистката Марина Васиљева.
ВИДУ работел во многу компании на различни позиции, од 3-Д моделирање до предавач на Школата за видеоанимации во Бордо. Соработувал со познати продукциски куќи, меѓу кои и „Марвел комикс“ и нивниот проект „Видео-комикс“, каде создаваат спој на стрип и видеоигра.
Влезот е слободен, со претходна резервација на https://forms.gle/yr8LiZiePRJKcg2A6.