ГАЛЕРИЈАТА УФИЦИ ПРВПАТ СТАНА НАЈПОСЕТУВАНОТО КУЛТУРНО МЕСТО ВО ИТАЛИЈА

Рим, (Гардијан)

Галеријата Уфици во Фиренца за првпат стана најпосетуваното културно место во Италија, што следува по неколку години иновации под водство на германскиот директор Ајке Шмит.

Своевремено бастион на традицијата, вчера беше објавено дека установата позната по ренесансни ремек-дела ги надминала римски Колосеум, урнатините на Помпеја и Ватиканските музеи, привлекувајќи 1,7 милиони посетители минатата година. На второто место е Колосеумот со 90.000 посетители помалку.

Под водство на Шмит, Уфици го промени начинот на продажба на билети, додаде повеќе модерни дела во колекцијата, привлече повеќе женски уметници, стана поактивна на социјалните мрежи и отвори претходно затворени делови од комплексот. Најпосетуваниот настан лани привлекол повеќе од 435.000 посетители.

Историјатот на Уфици почнал во 16. век со семејната колекција на династијата Медичи, која вклучува дела од Леонардо да Винчи, Микеланџело, Караваџо и Рафаело.

Но, иако стана број еден во Италија, Уфици сè уште доста заостанува во светски рамки и се наоѓа на 20. место по посетеност. Оваа листа ја предводи Лувр со 2,8 милиони посетители лани.