На 5 мај од 20 часот, во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје ќе се отвори самостојна изложба на студентите Дефне Еминовска, Јоана Арсовска и Бојан Вртев од Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики. Изложбата е насловен „Затаени мигови“.
Сите се добитници на наградата „Четири мајстори на модернизмот“ во чест на професорите Петар Мазев, Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков, под менторство на проф. м-р Антони Мазневски.