Седмоодделенката Дона Китанова од основното училиште „Вера Циривири-Трена“ од Скопје е добитничката на Гран при наградата на меѓународниот поетски конкурс на 57. Детски Рацинови средби. Годинашниот литературен и ликовен конкурс беше на тема „Мене и душата ми е црвена“.
Првата награда на меѓународниот литературен конкурс ја освои деветтодделенката Даниела Теова од ОУ „Васил Главинов“ од Велес. Таа освои две награди на оваа манифестација намената за ученици, бидејќи беше втора на ликовниот конкурс за основци, каде што првата награда ја доби Ива Илиев од истото училиште.
Првата награда на литературниот конкурс за средношколци ѝ припадна на Клара Ѓуровска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје. На ликовниот конкурс во оваа категорија, златниот пехар го освои Драгана Минова од „Кочо Рацин“ од Свети Николе.
На годинашниот конкурс пристигнале ученички творби и од Хрватска и Србија.
П. ПЕЧКОВ