ГРАЦИОЗНОСТА НА РИСОТ ДОЛОВЕНА СО НОВА СНИМКА ОД НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „МАВРОВО“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Возрасен примерок на рис во сета своја грациозност беше фотографиран во националниот парк „Маврово“ со помош на таканаречена фотозамка.

Како што објавија од НП „Маврово“ на својата Фејсбук страница, фотографијата е направена во рамките на проектот на закрепнување на балканскиот рис, што се реализира во соработка со Македонското еколошко друштво.

Според достапните податоци, неколку десетици балкански рисови, кој важи за високо загрозен вид, живеат во планинските предели на Западна Македонија, особено во националниот парк „Маврово“, но и во Албанија.

Од НП „Маврово“ претходно објавија и снимка од волк.