ДЕКСТЕР ФЛЕЧЕР ГО ЗАМЕНИ ГАЈ РИЧИ КАКО РЕЖИСЕР НА „ШЕРЛОК ХОЛМС 3“

Лос Анџелес, (Вараети)

Декстер Флечер го замени Гај Ричи како режисер на „Шерлок Холмс 3“, кој конечно треба да дојде во киносалите во декември 2021 година.

Ричи ги режираше првите два филма, од кои вториот излезе уште пред осум години, а третиот дел се најавуваше за декември 2020, но неговата премиера е одложена за цели 12 месеци. Неговата замена Флечер го доврши „Боемска рапсодија“ по отказот за Брајан Сингер и годинава имаше уште еден успешен биографски музички филм, „Рокетмен“.

Роберт Дауни Џуниор му се враќа на ликот на Шерлок Холмс откако ја помина последната деценија во Филмскиот универзум на Марвел како Ајрон Мен/Тони Старк. Освен Дауни, своите улоги ќе ги повторат и Џад Лоу (доктор Вотсон) и Рејчел Мекадамс (Ајрин Адлер).

Шерлок Холмс“ од 2009 година заработи 524 милиони долари на светско ниво, а неговото продолжение „Игра на сенки“ 545,4 милиони.