ХУМАНИТАРНА ПРЕТСТАВА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД „КОРЧАГИН“ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ПОРАНЕШЕН СОУЧЕНИК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Учениците од скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ в сабота во МНТ ќе одржат хуманитарна театарска претстава со наслов  „Чекајќи го“. Почетокот е во 20 часот.

Собраните пари од билетите ќе се донираат за лекувањето на Марко Здравевски, кој е поранешен ученик во Гимназијата. Здравевски (25) боледува од рак и во моментов е на лекување во Париз. За таа цел му се потребни финансиски средства за продолжен третман.

Татјана Алексиќ, која е професорка по македонски јазик и литература во „Корчагин“, ги повика сите кои ќе дојдат на претставата да донираат за Марко. Билетите се во продажба онлајн и на билетарницата на МНТ по цена од 500 денари.