И ЖИВОТНИТЕ ИМААТ ЧУВСТВА – ИЗБРАНА НАЈДОБРАТА ФОТОГРАФИЈА НА ДИВ СВЕТ

Лондон, (Би-Би-Си)

Емотивен портрет на два лава, насловен „Братска врска“, е победникот на годинашниот меѓународен натпревар за најдобра фотографија на див свет. Снимена од професионалниот фотограф Дејвид Лојд, таа е најдобра во конкуренција на повеќе од 45.000 фотографии, колку што беа пријавени на конкурсот. Во последната рунда на изборот влегоа 25 фотографии, селектирани од Природонаучниот музеј во Лондон, по што за нив гласаше јавноста.

„Задоволен сум што оваа фотографија помина така добро, бидејќи покажува чувства кај животни и докажува дека тие не се само карактеристика на луѓето. Мислам дека луѓето треба да го знаат тоа, за да се грижат повеќе за животните“, кажа Лојд, кој е од Нов Зеланд, но живее во Лондон.

Ова се уште некои фотографии кои влегоа во најдобрите 25: