ИНТЕРАРТ ГО ПОЧНА ТРИГОДИШНИОТ ТАНЦОВ ПРОЕКТ СО 11 ПАРТНЕРИ ОД РЕГИОНОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Културниот центар Интерарт во соработка со 11 партнери од регионот го започна проектот „Мувинг Балканс“ (Moving Balkans) како платформа за современ танц која има за цел да ги обедини и поврзе младите танцови сили од Балканот.

Проектот е поддржан од Европската Унија преку програмата Креативна Европа и во него се обединети Артлинк фондација од Софија, која е и носител на проектот, Интерарт културен центар од Скопје, Студентски културен центар од Нови Сад, „Ен-Кнап“, Центарот за урбана култура „Кино Шишка“ и Словенечка асоцијација на современи танчари од Љубљана, Хрватски институт за движење и танц од Загреб, Хрватски културен центар од Риека, Албански танцови средби од Тирана, Танцовиот културен центар „Унитива“ од Атина и Национален центар за танц од Букурешт.

Во Скопје се пристигнати 22 танчари од земјите-учеснички, кои заедно со младите танчари од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе работат во склоп на Танц фест Скопје со професорите Џоан ван дер Маст од Холандија, Џорџа Д’Амико од Италија и Рисима Рисимкин, деканката на Филмската академија при УГД.

Проектот ќе трае во следните три години и младите уметници од областа на танцот ќе имаат можност да учествуваат во различни настани, како копродукции, фестивали и работилници,