КУРТ ЕЛИНГ Е ВИСТИНСКИ УМЕТНИК И ГОСПОДИН, РЕЧЕ ДИРЕКТОРОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР ГОЦЕ СТЕВКОВСКИ ПО КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Курт Елиот, еден од најдобрите џез вокали и двократен добитник на Греми награда, сношти беше гостин на концертот на Националниот џез оркестар во МНТ во Скопје.

Елинг има десет номинации за Греми, од кои има освоено две за најдобар вокален џез албум во 2009 и 2021. Гоце Стевковски, директорот на Националниот џез оркестар, вели дека концертот бил вистинско доживување за љубителите на џезот.

Фото: К. Попов

„Секој момент од концертот беше посебно доживување, а на нас како оркестар ни беше огромна чест што имавме можност да ја делиме сцената со џез маестро каков што е Курт Елинг. Неговата музика го одбележува времето, а неговите достигнувања, како Греми наградите и наградата од пред два дена доделена од Светското здружение на џез новинари, ги потврдуваат неговите извонредна уметност и влијателност на светската џез сцена. Публиката имаше привилегија да сведочи на неверојатната хармонија на сцената која беше вистинско вклопување на талентот, знаењето и музичката енергија на оркестарот“, вели Стевковски.

Фото: К. Попов

Тој додава дека Елинг бил многу задоволен и си заминува со силни впечатоци од работата со Оркестарот, што за нив е голема пофалба и признание.

„Сакам да се заблагодарам на сите кои придонесоа за овој неверојатен настан. Искрена благодарност и почит кон Курт Елинг, кој е вистински уметник и господин“, рече Стевковски.

Фото: К. Попов