ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ДВОЈАЗИЧНАТА ЗБИРКА „СКОПСКО ХАИКУ“ ОД ПРОКОПИЕВ И СТЕФАНОВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Александар Прокопиев и Маја Стефановска го создадоа двојазичното, македонско-англиско издание „Скопско хаику“, што го објави издавачката куќа „Флипбук букс“. Препевот на хаику поезијата на Прокопиев на англиски јазик го направи британската поетеса, книжевна критичарка и есеистка Фиона Сампсон.

„Збирката ‘Скопско хаику’ е осмислена во духот на книжевно-графичките изданија. Тристишјата на Александар Прокопиев, заедно со експерименталните цртежи на Маја Стефановска, произлегуваат од поетскиот канон на древната хаику и хаига традиција“, вели издавачот

Александар Прокопиев е прозаист, поет и есеист, еден од основоположниците на постмодернизмот во Македонија. Неговите дела се преведени на англиски, јапонски, арапски, германски, француски, полски, италијански, руски, украински, српски, бугарски и други јазици

Маја Стефановска е академска сликарка во чие творештво се вбројуваат повеќе од седум самостојни изложби и учества во повеќе меѓународни проекти.