ЈАПОНСКА СОНДА СЕ СПУШТИ НА АСТЕРОИД ОДДАЛЕЧЕН 300 МИЛИОНИ КИЛОМЕТРИ

Токио, (Гардијан)

Јапонската сонда „Хајабуса-2“ успешно стапна на астероид оддалечен 300 милиони километри од Земјата, во смел маневар да собере примероци, кои потоа ќе бидат испитани од научници. Сондата синоќа се спуштила на астероидот Рјугу, предизвикувајќи воодушевување во Јапонската агенција за вселенски истражувања.

„Имавме совршено спуштање во најдобри услови, вклучувајќи испукување куршум. Примивме податоци дека сондата работи нормално“, кажа менаџерот на проектот, Јуичи Цуда.

Сондата требаше да испука куршум во астероидот за да ја растресе неговата површина и потоа да собере материјал за анализа. Се верува дека астероидот содржи големи количества органска материја и вода, кои потекнуваат од раѓањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години. Предвидено е сондата со специјален инструмент да собере 10 килограми остатоци, што треба да пристигнат на Земјата во 2020 година, кога таа ќе се спушти во Вумера, јужна Австралија.