ЈАПОНСКИОТ ПРЕМИЕР ГО ОДНЕСЕ ТРАМП НА ХАМБУРГЕР

Токио, (Мешабл)

Кога се зборува за јапонската кујна, најчестите асоцијации се свежо сашими и суши, но таа, исто така, е земја на бургери.

Првиот лидер од Азија со кој Доналд Трамп се сретна на двонеделната турнеја е јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој буквално му овозможи да се чувствува како дома, кога го однесе на класичен американски оброк: голем сочен хамбургер и кока кола.

„Му посакуваме најискрено добредојде на Доналд Трамп во Јапонија! Веднаш се фаќаме за работа со хамбургери“, напиша Абе на Твитер.

Според локалните медиуми, јадењето го обезбедил „Манч бургер шек“, познат синџир за бургери од Токио, кој се снабдува со говедско месо исклучиво од САД.

Американците на социјалните мрежи изразија воодушевување од изборот на храната на Трамп.