КАКО ДА СПРЕЧИТЕ ШИРЕЊЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Њујорк, (АП)

Кога и да се случи некој голем настан, локален или светски, многумина веднаш ги користат социјалните мрежи за да дознаат нешто повеќе. Но, она што таму ќе го најдеме, не е секогаш веродостојно и потоа многу лесно понатаму се шират неточни информации.

Еве неколку корисни совети како да спречите дезинформирање и ширење лажни вести преку социјалните мрежи:

  • Секогаш прво проверете кој е изворот на информацијата. Ако нема изјава, не споделувајте понатаму.
  • Споредете ги извештаите од неколку релевантни медиуми, за да ги утврдите фактите. Ако ги има малку, тоа значи дека тие допрва треба да се потврдат. Почекајте додека не ја добиете целата приказна.
  • Насловите не ја даваат целата приказна, особено кога има некој сложен настан. Затоа прочитајте го целиот текст.
  • Ако читате нешто за што се вели дека е „најголемо“, „најмногу“ или „најсмртоносно“, проверете ги на брзина тие тврдења.
  • Не земајте здраво за готово сечие мислење.
  • Денес лесно се прават лажни фотографии и видеа, за кои се тврди дека се од местото на настанот. На Гугл лесно се проверува дали тие веќе биле користени некогаш.
  • Ако сфатите дека сте направиле грешка во својот пост на Твитер или на Фејсбук, признајте го тоа: избришете или изменето го.
  • И најважното: пред да постирате што било непроверено, запрашајте се зошто би го направилe тоа воопшто.

Напишете коментар