Денеска се отвора 22. Светско фудбалско првенство, прво што не се игра во вообичаениот термин јуни/јули. Изборот на Катар беше контроверзен од самиот почеток, зашто е попознат по лошите извештаи за човекови и работнички права отколку по фудбалот. Затоа ФИФА ги повика учесниците да се фокусираат на фудбалот и да не го вовлекуваат спортот во политички и идеолошки битки.
- Мундијалот во Катар е прв што се игра во есен (од денеска до 18 декември) и чиј домаќин е земја од Блиски Исток.
- Ова ќе биде последно СП со 32 репрезентации, чиј број ќе се зголеми на 48 за четири години.
- Со само 350.000 локални жители, Катар е најмалата држава која организирала фудбалско СП. Во исто време, се очекува доаѓањето на 1,2 милиони странски навивачи, кои нема да смеат да пијат пиво на стадионите.
- Со вложените над 200 милијарди долари, ова е убедливо најскапото светско првенство во историјата.
- Јамашита Јошими, Салима Мукансанга и Стефани Фрапар се први жени кои ќе судат мундијалски натпревари.
- Лео Меси, Кристијано Роналдо и Мексиканците Андрес Гвардадо и Гилермо Очоа се на своето петто СП, со што го делат рекордот со Антонио Карбахал, Лотар Матеус и Рафаел Маркес.
- Баерн има најмногу играчи на СП – 17-мина, следен од Манчестер јунајтед и Барселона со по 16-мина.
- Со 17 години, Германецот Јусуфа Мукоко е најмладиот играч во Катар, додека 40-годишниот мексикански голман Алфредо Талавера е најстариот.
(Фото: АП)