Американскиот филмаџија Џон Џост ќе биде гостин во КСП Центар – Јадро во Скопје, каде што од утре ќе води филмска работилница со наслов „Learn everything there is to know from a real MoFo“. Работилницата ќе трае до петок и секој ден ќе се одвива од 17:30 до 21:30 часот. Отворена е за сите, без разлика дали учесниците имаат искуство во филмската дејност.
Роден во 1943, Џост е еден од најплодните и најзначајни американски независни филмски автори. Има снимено 41 долгометражен филм и повеќе од 30 кратки, кои сите сам ги има осмислено, напишано, снимено, режирано и монтирано, а повеќето и продуцирано.
Програмата се реализира во соработка на КСП Центар – Јадро, MI Film&Theatre и Кинотека на Северна Македонија, каде што ќе има ретроспектива на филмови на Џост.