Ракометниот првак Еурофарм Пелистер и натаму е без освоен бод по осум одиграни меча во Лигата на шампионите, а на вчерашниот натпревар со ПИК Сегед беше најблиску до тоа. Битолчани изгубија со 27:28, откако гостите од Унгарија го дадоа победничкиот гол во својот последен напад.

Репрезентативниот лев бек Филип Кузмановски постигна пет гола на своето враќање во Еурофарм Пелистер и придонесе играта на битолчани да изгледа значително подобро.
Дваесет и седумгодишниот битолчанец пред само три дена беше претставен како ново засилување на Еурофарм Пелистер, враќајќи се во клубот по четири години пауза. Во меѓувреме настапуваше за бундеслигашките екипи Магдебург, Хановер и Вецлар.
(Фото: Ѓ. Личовски)