РАКОМЕТНАТА ФЕДЕРАЦИЈА ДОНИРАШЕ НАД МИЛИОН ДЕНАРИ НА СОС ДЕТСКО СЕЛО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донираше 1.372.550 денари на СОС Детско село, собрани од продажбата на билети за ракометно-музичкиот спектакл, кој се одржа на 3 јануари во арената „Борис Трајковски“.

Федерацијата доби врамен дрес на примопредавањето на донацијата, на кој е напишано „Ви благодариме од срце! 460 деца и млади без родителска грижа растат во семејство благодарение на вас“.

Трошоците за реализацијата на настанот се покриени од РФМ и нејзините спонзори.

(Фото: РФМ)