Белиот лав Чака е нов жител на скопската Зоолошка градина. Чака вчера во Скопје стигна од Франција и во моментов е во период на адаптација. Тој неколку дена ќе биде во карантин додека се запознае со неговите Зоо негуватели.
„За неколку дена Чака ќе биде пренесен во неговато живеалиште, веднаш до женката лавица Бела. Одреден период ќе бидат разделени, а потоа ќе живеат заедно. Чака е роден во 2017 годинa, а Бела во 2013 година“, велат од скопската Зоолошка градина.
Лавицата Бела од Германија стигна пред две недели.