ЛАВОВИТЕ ВО ЈУЖНА АФРИКА УЖИВААТ ВО МИРОТ И ТИШИНАТА БЕЗ ЛУЃЕТО

Кејптаун, (Би-Би-Си)

Животните почнуваат да забележуваат дека луѓето ги нема наоколу, па ги користат мирот и тишината.

Чувар во националниот парк Кругер во Јужна Африка фотографираше десетина лавови како дремат на асфалт среде ден, глетка што беше незамислива до пред некое време.

„Во нормални услови, тие би биле во грмушки, а сега уживаат во слободата на паркот без нас, луѓето. Патот им се допаднал затоа што е сув“, изјавија од паркот.

Кругер, како и останатите паркови низ Јужна Африка, е затворен од 25 март, кога земјата беше ставена во карантин поради коронавирусот.

Чуварот Ричард Саури налетал на необичниот феномен додека бил во редовна обиколка на паркот со возило.

„Лавовите се навикнати на луѓе во автомобили, но доколку одев пешки, тие никогаш не би ми дозволиле да им се доближам. Сите животни го имаат тој страв од луѓе“, изјави Саури.