Комета која ќе помине покрај Земјата и Сонцето во следните недели за првпат по 50.000 години би можела да биде видлива и со голо око. Се очекува кометата да биде најблиску до Земјата на 1 февруари, кога лесно ќе може да се види со добар двоглед, па дури и со голо око, во зависност од осветленоста на небото.
„Кометата потешко ќе може да се забележи ако Месечината е пополна, но добра шанса за набљудување нуди викендот 21/22 јануари, кога Месечината ќе биде млада“, изјави Никола Бивер, астрофизичар од Париската опсерваторија.
Кометата е наречена Ц/2022 Е3 (ЗТФ) и првпат била забележала кога поминувала покрај Јупитер во март минатата година. Бивер вели дека кометата е направена од мраз и прашина и испушта зеленикава аура.
Се проценува дека има дијаметар од еден километар, со што е значително помала од Неовајс, последната комета која беше видлива со голо око, која помина покрај Земјата во март 2020.
„Но, оваа комета ќе дојде поблиску до Земјата, па затоа ќе биде видлива, иако не е многу голема“, појасни Бивер.
Таа последен пат поминала покрај Земјата за време на Доцниот палеолитски период, кога сè уште живееле неандерталците.
(Фото: АФП)