Македонија се ближи кон бројката од 1.000 заразени со коронавирус, додека на светско ниво беше помината границата од два милиона.

  • Во последните 24 часа во земјата се потврдени нови 66 случаи на коронавирус, бројка која значително варира од ден за ден, имајќи предвид дека вчера беа 22 помалку.
  • Повеќе од месец и половина од првиот регистриран пациент, Македонија се ближи кон границата од 1.000 заразени и денеска е на 974, од кои најмногу во Скопје (339) и Куманово (262).
  • Повторно најмногу нови случаи има во Куманово – 27, па следуваат Скопје со 10, Струга со шест, Тетово со пет, Прилеп со четири, Охрид, Кочани и Штип со по три, Велес и Неготино со по два и еден во Гостивар.
  • КОВИД-19 досега однесе 45 животи во Македонија, вклучувајќи 76-годишна пациентка од Скопје, чиј позитивен тест бил потврден денеска, два дена откако починала.
  • Излекувани се уште 12 заболени, а вкупно 98 досега.
  • Од денеска, на светот има повеќе од два милиона заразени со коронавирус, од кои над 130.000 починале, а излекувани се речиси 500.000.