МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА ПРЕТСТАВА „БЕЗ КРВ“ ВЕЧЕРВА НА МОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (20 ноември) oд 20 часот, на Млад отворен театар ќе се изведе претставата „Без крв“ на Драмскиот театар од Пловдив и Велешкиот театар. Текстот е на Александар Барико, а режијата на Дијана Добрева.

Во претставата играат Маргита Гошева, Васил Зафирчев, Константин Еленков, Патриција Пандева, Исидор Јованоски, Филип Христовски, Красимир Василев, Георги Вачев, Кети Борисовска, Симеон Алексиев, Елена Кабасакалова, Катрин Гачева, Златко Шарков, Филип Василевски и Елена Димитрова.

Во културниот центар „Јадро“ во Скопје од 18 часот ќе се одржат работилница и перформанс „Мoving Inside Out“ во рамките на МОТ. Работилницата е со Криста Денио и Искра Шукарова, уметници кои работат на полето на танцот и перформансот и е наменета и за студенти и за професионалци во овие области.