МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ЛАНИ ГО ИМАЛ НАЈСКАПИОТ ТИМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ФУДБАЛОТ

Лондон, (Би-Би-Си)

Минатогодишниот состав на Манчестер јунајтед бил најскапиот во историјата на фудбалот, вели нов извештај на УЕФА. На крајот на ланската фискална година во април, играчите на Јунајтед вределе вкупно 1,42 милијарди евра, гледано според платените обесштетувања.

Тука не се вклучени трансферите од летниот преоден рок, кога Манчестер ги купи Расмус Хојлунд (84 милиони евра), Мејсон Маунт (64 милиони) и Андре Онана (55 милиони).

Претходниот рекорд го држеше тимот на Реал Мадрид од 2020, кој вредел 1,32 милијарди евра.

Извештајот вели дека уште три клуба имале тим вреден над милијарда евра: Манчестер сити, Реал Мадрид и Челзи. Бројките за Челзи се до јуни 2022, што значи дека не е опфатено трошењето од тоа лето до август 2023, кога купи играчи во вредност од речиси милијарда евра.

(Фото: АФП)