ЕВРОВИЗИСКАТА ПОБЕДНИЧКА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ СО СЛАВЕНИЧКИ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српската поп-пејачка Марија Шерифовиќ ќе одржи концерт во Скопје, во салата „Борис Трајковски“ на 2 ноември, објави „Прагма продукција“.

Шерифовиќ, која беше победничка на Евросонг во 2007 со песната „Молитва“, минатата година прослави 20-годишен јубилеј во музиката. По тој повод го сними албумот „Доаѓа љубовта“ (Долази љубав), како што е и насловена нејзината славеничка турнеја, која продолжува оваа година во 30 градови во регионот. Шерифовиќ му го посвети албумот на синот Марио, кој се роди на крајот на минатата година во Америка со сурогат мајка. 

(Фото: Фејсбук)