Скопската зоолошка градина утре ќе организира забава по повод крајот на учебната година, на која посетителите ќе ги забавуваат популарните млади јутјубери Џипи и Стефонатор.

Концертот почнува во 13 часот, а специјални гости ќе бидат танчарите со Даунов синдром од танцовото студио „Денсерс јунајтед“, кои се светски и европски шампиони во хип хоп.

Од Зоолошката велат дека за сите посетители ќе има подароци од пријателите и донаторите на градината.