Научниците веруваат дека го пронашле најмалиот рептил на светот, подвид на камелеон кој има големина на семе. Два вакви ситни гуштера се пронајдени на Мадагаскар.
Мажјак на брукесија нана или нанокамелеон има тело од само 13,5 милиметри, што, според Баварската зоолошка колекција во Минхен, го прави најмал рептил меѓу познатите 11.500 видови. Сосе опашката, тој е долг 22 милиметри.
Женката е нешто подолга – 29 милиметри и научниците додаваат дека пронаоѓање други единки претставува голем напор.
„Новиот камелеон е пронајден само во дождовни шуми во северен Мадагаскар. Оваа област неодамна беше ставена под заштита, па овој вид има шанси да опстане“, изјави Оливер Хавличек од Природонаучниот центар во Хамбург.